ВИДЕО: Скудетото му се насмевнува на Интер, четири гола во мрежата на Лече

фото: EPA-EFE/ABBONDANZA SCURO LEZZI

Во рамките од 26 коло во Серија А денеска екипата на Интер славеше на гостувањето кај Лече со убедливо со 4:0.

По првото полувреме миланските „нераѕури“ водеа со голот на Лаутаро Мартинез од 15 минута.

Фратези во 54 минута се погрижи за зголемување на позитивата, а само 120 секунди подоцна Лаутаро Мартинез го постигна и својот втор гол на мечот.

Конечниот епилог го постави де Врај во 67 минута по асистенцијата на Димарко. На табелата Интер е на првото место со 66 бодови, девет повеќе од второпласираниот Јувентус, додека Лече е на 14 позиција со 24 бодови.

Претходно се одиграа два меча, Каљари и Наполи ремизираа 1:1, додека Јувентус со 3:2 беше подобар од Фросиноне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот