ВИДЕО: Силна експлозија во Шкотска, уништена зграда

Експллозија Шкотска/ Фото Twitter screenshot

Силна експлозија се случила во населено место на Јужен Ејршир во Шкотска, уништувајќи најмалку една станбена зграда.  

Локалните жители изјавија дека денеска слушнале експлозија во Ајр нешто по 19 часот по локално време. Неколку локални жители на социјалните мрежи напишаа дека нивните куќи се „потресени“ од вревата.  

Причината за експлозијата е непозната 

Според последните информации, најмалку една станбена зграда била уништена во експлозијата.  

Засега не е познато што го предизвикало инцидентот. Полицијата побара од граѓаните да не се приближуваат до местото на настанот, пишува Би -Би -Си.  

„Пристигнавме на местото на настанот по пријавата за експлозијата во Ајр. Итните служби во моментов се на терен и би ги советувале граѓаните да ја избегнуваат областа во овој момент”, рече портпаролката на полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот