ВИДЕО: Силна експлозија во Калитеа, уништена винарија, оштетени згради и автомобили

Ескплозија во винарија во Калитеа/Фото: Скриншот ЕРТ

Жителите на Калитеа, рано утрово ги разбуди силна експлозија која се случила во винарска визба на улицата Лагумици во грчко летувалиште популарно и посетувано од македонските туристи.

Инцидентот во винаријата е регистриран по полноќ, поточно во три часот и пет минути по локално време и моментот на експлозијата е снимен од камерите од видео надзорот.

Звукот бил толку силен што се слушал во радиус од неколку километри. Продавницата е целосно уништена. Одделот за уништување експлозивни направи пронашол експлозив, бавногоречки фитил и детонатор на местото на настанот.

Експлозијата беше жестока и го потресла целиот кварт, предизвикувајќи штети освен врз винарската визба и врз соседните станбени згради, но и 11 паркирани автомобили, а некои се целосно уништени.

Како што може да се види на сликите што утринава ги објави СКАИ, соседните станбени згради претрпеле сериозни оштетувања.

Соседите за грчките медиуми изјавија дека „сопственикот на оваа визба поседува и познат ноќен клуб кој е од задната страна. Бил мета на ваков напад и пред десетина години кога исто така била уништена винаријата, а биле оштетени и околните згради.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот