ВИДЕО| Шокантни снимки од експлозијата на метан во три згради на Сицилија: Се трага по преживеани, урнатини и чад насекаде

Најмалку четири лица загинаа, а 11 се водат како исчезнати откако се урнаа три станбени згради во сицилијанскиот град Равена. На интернет се појавија снимки од воздух кои ги покажуваат огромните размери на оваа трагедија.

принтскрин Јутјуб

Чад е насекаде, автомобилите се прекриени со урнатини, а специјално обучени кучиња ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани. На неколку места се забележува мал пожар, спасители со светилки се насекаде, покриени со прашина.

„Спасувачите веруваат дека 11 лица би можеле да бидат во домет на експлозијата“, изјави шефот на противпожарната служба Џузепе Мерендино.

Досега се спасени две жени, а едната од нив, е на 80-годишна возраст , Двете жени се пренесени во болница со тешки скршеници, пишува Гардијан.

принтскрин Јутјуб

Според новинската агенција АНСИ, трите згради се урнале, а уште три биле оштетени. АНСА јавува дека зградата се урнала по експлозија на метан во зградата.

АНСА ги цитира пожарникарите според кои истекувањето на гас било „многуобемно “ и почнало од под земја.
Пожарникарите се сомневаат дека „Експлозијата можеби е предизвикана од активирањето на лифтот“, што дошло во допир со метанот кој бил блиску доповршината на земјата и така се запалил

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот