Фото: Принтскрин / Твитер

ВИДЕО | Шлаканица пред послужување: Ресторан во Јапонија повлекол контроверзна понуда од своето мени

Кога избираме ресторан за вечера, го земаме предвид менито и амбиентот што го нуди местото. Меѓутоа, сопственик на еден ресторан во Јапонија одлучил покрај секојдневното мени, да промовира контроверзна понуда „шлаканици пред послужување“ и со тоа привлекол многу посетители, пишува „Индијанекспрес“.

Сопственикот на еден од рестораните наречен „изакаја“ (izakaya) дошол до необичната идеја за да привлече што повеќе посетители и на тој начин да се спаси од банкрот.

Во понудата на ресторанот вовел шлаканица за гостите пред послужување. Иако можеби изгледа чудно, необичната идеја наишла на изненадувачки добар интерес.

Услугата станала толку популарна кај локалното население и туристите што сопственикот на крајот ангажирал неколку девојки за да им удрираат шлаканица на оние што го сакале.

Сепак, шлаканиците не биле бесплатни. Една шлаканица чинела 100 јени (близу 60 центи), но доколку гостите сакале одредена девојка, шамарот ги чинел петпати повеќе.

Неодамна видеата од ресторанот повторно се најдоа на интернет и предизвикаа возбуда, но и негодување кај луѓето.

Сопственикот на крајот одлучил да ги повлече шлаканиците од своето мени и да се врати на „класичната“ понуда.

„Ресторанот ‘Шчихоко’ во овој момент не нуди шамари. Го цениме вашиот интерес, но не можеме да прифатиме посети со намера да ви удриме шамар. Не очекувавме старите видеа да станат вирални, затоа ве молиме разберете“, се вели на официјалниот профил на социјалната мрежа Икс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот