Фото: YAY Media AS / Alamy / Alamy / Profimedia

ВИДЕО | Шест години јаде само месо: Лекарите ѝ рекле дека до сега требало да биде мртва

Ќерката на психологот Џордан Петерсон, кој се прослави на интернет по своите конзервативни и многу интересни ставови за машко-женските односи, Микаила, неодамна гостуваше во емисијата на Пирс Морган и ги шокираше сите со своето откритие.

Карнивор диетата (само на животински продукти) стана сè попопуларна во светот, а Микаила веќе шест години не јаде ништо друго освен месо, и кога вели „ништо друго“, навистина мисли така.

@carnivorelifestyle Mikhaila Peterson on Piers Morgan show. #mikhailapeterson #jordanpeterson #steak #carnivore #vegan #exvegan #arthritis #autoimune ♬ Sweet Dreams (Slowed + Reverb) – Ravens Rock

„За појадок јадам стек, за ручек јадам стек, за вечера јадам стек, понекогаш додавам супа – рекла Микаила, а кога водителот ја прашал дали јаде зеленчук, таа едноставно рекла „не“, и истиот одговор го дала и на прашањето за сосовите.

“Само месо? Шест години? Изгледаш како да пукаш од здравје! Што ти велат лекарите за таквата диета – прашал Пирс, а Микаила одговорила:

„Зависи од лекарот, но најчесто велат: „Знаеш, ти си требала да бидеш мртва до сега!“ Кога бев тинејџерка, не можев да станам од креветот. Ми го заменија колкот и глуждот. Не можев да одам. Така што мојата почетна точка беше „речиси мртва“, во споредба со тоа, сега сум одлично. Сега се чувствувам подобро од кога било“.

„Дали сакаш месо, зарем не ти се смачи“, праша Пирс.

“Ако треба да јадам по една храна секој ден до крајот на мојот живот, би јадела њујоршки стек со сол. Барем тоа е добро. Алтернативата е многу полоша”, била искрена таа.

Фото: Инстаграм/ mikhailapeterson

Гледачите на оваа емисија одлично ја прифатиле нејзината исповед, иако забележале дека нејзината исхрана е многу скапа.

„Како можеш да си дозволиш?“, „Луѓето велат дека нејзината исхрана е скапа, но соковите и прилозите се поскапи од стекот“, „Во моментот на ова поскапување, би бил среќен да можам да јадам Болоњезе 3 пати на ден“, беа дел од коментарите.

Сепак, повеќето други коментари ја поддржаа ќерката на Џордан Петерсон, бидејќи знаат дека таа боледува од тешка автоимуна болест и дека оваа диета всушност не е нејзин избор. Микаила со години го пишува блогот „Не јади“ каде откри дека боледува од автоимун артритис поради кој во тинејџерските години била речиси неподвижна, а кога почнала на факултет морала да ги паузира студиите затоа што здравјето нагло ѝ се влошило.

Откриено е дека изборот на храна многу влијае на нејзиното здравје, а телото бурно реагира на голем број намирници и поради тоа се чувствува лошо. Со текот на времето забележала дека се чувствува многу подобро кога јаде месо и пие вода и на тоа ја засновала својата исхрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот