
ВИДЕО | Шест години ги собира ноктите во тегла: Кога ќе видите како ги скратува, ќе разберете зошто луѓето се згрозени
Тиктокерот Кол Херш, познат по своите необични објави, неодамна ги изненади своите следбеници признавајќи дека ги собира своите исечени нокти веќе шест години и тоа во една стаклена тегла.
Препорачано
Иако звучи како несолена шега, Кол изгледаше сосема сериозен додека ја покажуваше содржината на теглата, но она што особено ги ужасна гледачите беше начинот на кој ги крати своите нокти.
@cole.herschMy fingernail journey!
Наместо да користи грицкалка за нокти, како што би направиле повеќето луѓе, Кол едноставно си ги грицка ноктите со заби. После тоа, внимателно ги става во тегла што ја чува со години.
„Ме прашувате зошто го правам тоа? Па, погледнете – секој нокт е чист, бел, без нечистотија. Ги чувам уредно, а теглата е речиси полна. Наскоро ќе треба да купам нова, поголема“, објаснува тој во видеото.
За кратко време, видеото е прегледано повеќе од четири милиони пати, а коментарите не престануваат. Додека некои се целосно згрозени, други се загрижени за потенцијалните здравствени проблеми што можат да се појават од грицкањето нокти.
Некои се обидоа да му дадат совети за хигиена, додека други едноставно го поставија истото прашање:
„Зошто само не користиш грицкалка за нокти?“
Кол очигледно нема намера да ја промени својата навика, а неговата тегла со текот на годините станува необичен „сувенир“ што никого не остава рамнодушен.