ВИДЕО: Секој што сака да се движи во шума за време на забраната, да си извади дозвола

Валентин Груевски директор на ЈП Македонски шуми

Секој што сака да се движи во шума за време на забраната за движење, може да извади дозвола за движење во подружниците на Македонски шуми кои ги има во 30 градови низ државата. Со тоа ние ќе имаме евиденција кој се движи во шумите, рече денеска во Утрински брифинг директорот на ЈП „Национални шуми“, Валентин Груевски.

– Ние изготвуваме делумна забрана за шумите со кои ние стопанисуваме. Ние не можеме да воведеме делумна забрана за движење во националните паркови Пелистер, Шар Планина, Маврово и Галичица како и за парк шумата Водно и за спомен паркот Гази Баба бидејќи не стопанисуваме со нив. Забрана за движење на Водно може да побара само Град Скопје. Една од причините поради која побаравме делумна забрана за движење во шума е опасноста од пожари во најтоплите месеци и сметаме дека со оваа превентивна мерка ќе спречиме пожари какви што се случија минатата година, а не се запаметени во последните 30 години. Забраната за движење ќе трае се додека не процениме дека е помината опасноста од пожари, вели Груевски.

Тој се спротивставува на коментарите на планинарите дека забраната за движење во шума ќе им го олесни патот на дрвокрадците.

– Шумската полиција, чуварската служба и МВР немаат забрана да влезат во шума, а токму тие ја чуваат шумата од неконтролирана сеча. Ако можеле рекреативците да ја спречат кражбата на дрва и досега ќе го направеле тоа. Факт е дека постојат дрвокрадци и нелегална сеча на дрва но мене ме охрабруваат последните засилени активности на МВР кога во последниот месец се поднесени 30 кривични пријави за дрвокрадци, додава Груевски.

Директорот на Македонски шуми вели дека оваа година има поголема побарувачка за дрва за разлика од претходните години.

– Ниската цена на огревното дрво која не е променета од 2009 година го зголеми интересот за купување дрва од ЈП „Национални шуми“.  Цената за метар кубен даб во нашите складови изнесува 2.970 денари. Ние ќе произведеме повеќе дрва отколку минатата година но не сум сигурен дека со таа маса ќе се задоволи целокупното население. Доколку се јави недостаток за дрва, верувам дека ќе биде надоместен од приватните шуми. Во секој случај, ќе биде испорачано се што е нарачано преку синдикатите и здружениејата на пензионери, додава Груевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот