ВИДЕО: Се степаа патници во авион на Рајанер поради седиште до прозорец

Тепачка во авион на Рајанер на летот Малта-Лондон/Фото: Скриншот/Dailymail video

Брутален ќотек изби меѓу патниците на летот Малта-Лондон на Рајанер, а видеото од паниката во авионот го обиколи интернетот.

Двајца мажи биле фатени како се тепаат додека останатите патници во авионот останале запрепастени од сцената која ја гледале пред себе.

Кога сфатиле што се случува, некои од нив се обиделе да ги раздвојат двајцата гневни мажи, кои излегле од контрола.

Според Дејли Мејл тепачката започнала кога едниот не го пуштил другиот да помине до прозорското седиште.

„Британецот не го пушти Американецот да дојде до неговото прозорско седиште, а потоа разменија неколку навреди пред да избие тепачка“, рече еден патник.

„Летот беше одложен најмалку два часа. Сите се изнервираа “, рече другиот патник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот