
ВИДЕО | Се обиде да сокрие, но безуспешно: Обожавателите згрозени од лошата навика на Селена Гомез
Обожавателите со „остри очи“ ја фатија Селена Гомез како се опушта со популарен порок на денот на нејзината свадба со Бени Бланко. Пејачката објави видео од подготовките со најдобрата пријателка Тејлор Свифт, но еден детаљ не им избега на нејзините следбеници, пренесува „Дејли мејл“.
Препорачано
View this post on Instagram
Клипот, снимен од Тејлор Свифт, ја прикажува Селена како седи пред огледало додека ѝ го местат нејзиниот превез. Сепак, обожавателите ја забележале 33-годишната ѕвезда како држи нешто што изгледало како вејп за еднократна употреба во раката. Штом сфатила дека ја снимаат, се обидела да го скрие уредот, но било предоцна. Еден обожавател направил снимка од екранот и ја споделил на платформата Икс.
Видеото брзо предизвика лавина од коментари, со поделени мислења. Додека некои ја оценија ситуацијата како „урнебесна“, други беа шокирани.
Некои беа доста остри во своите коментари: „Зошто госпоѓица Селена пуши вејп во 2025 година?“, „Дефинитивно се обиде да го скрие тоа, но предоцна“. Еден од коментарите гласеше: „На денот на нејзината свадба?! Одвратно!“. Сепак, имаше и такви на кои моментот им беше привлечен: „Толку сум среќна за ова… Прекрасна и опуштена невеста со вејп за еднократна употреба во рака“.
Не е познато каков вид електронска цигара користела Гомез, но ова не е првпат да биде видена во слична ситуација. Во јуни се појави видео на кое пејачката наводно „користи вејп“ додека се подготвува да излезе со Тејлор Свифт.