Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

ВИДЕО | Савовски: Полека, но сигурно ја темпираме формата за мечевите со Грузија и Грција
Најдобрите македонски одбојкари се блиску до исполнување на задачите во првата подготвителна фаза за квалификациите за Европското првенство 2026.
Препорачано
Наскоро ќе почнат со пријателските натпревари, а средниот блокер на нашата репрезентација Филип Савовски смета дека тие ќе бидат главниот филтер за достигнување вистинска форма.
– Полека влегуваме кон крајот на првата етапа од подготовките за квалификациите за ЕП 2026. Имавме месец и пол пауза после Златната лига, тешко е, но се одржувавме во текот на тој период и мислам дека сите сме во една одредена форма. Ќе имаме и подготвителни натпревари, што се однесува до репрезентацијата, сè е во најдобар ред, и полека, но сигурно ја темпираме формата – вели Савовски.
Избраниците на селекторот Хари Наковски својот прв подготвителен сегмент го имаат во Маврово каде што ќе биде првиот подготвителен сегмент, потоа се закажани тестови во Црна Гора и во Швајцарија. Следува турнирот „Чајка“ со уште два противници, а ќе има и дополнителен двомеч на домашен терен.
Ова е планот до 16 август кога одбојкарите ќе патуваат во Тбилиси за првиот натпревар од квалификациите против Грузија. Вториот ќе биде во Скопје со Грција на 25 август. Две победи на Македонија речиси со сигурност ќе значат четврти континентален собир во серија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
22мин
-
35мин
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5