
ВИДЕО | Само часовникот чини 25.000 евра! Цеца излезе на гласање во прескап стајлинг
Српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ на вчерашните избори во Србија, пристигнала на своето избирачко место во ОУ „Војвода Радомир Путник“ и ја извршила својата граѓанска должност, половина час пред затворањето на гласачките места.
Препорачано
Пејачката во таа прилика била облечена од глава од пети во бело, а комбинацијата ја надополнила со жолти детали – и тоа не обични, туку скапи и луксузни. Цеца носела чанта „Шанел“, која чини околу 6.000 долари и сандали од истиот бренд и во иста боја – 1.200 евра. Исто така, на нејзината рака блескал и часовник „Ролекс“ од 25.000 евра. Очилата за сонце на музичката ѕвезда биле од познатата светска марка „Тифани“ и за нив платила околу 330 евра.
– Немам што да ви кажам, сè е во најдобар ред – било сè што рекла пејачката при излегувањето од гласачкото место.
Инаку, ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, неодамна се омажи за фудбалерот на Севиља, Немања Гудељ.
Венчавката на Анастасија и Немања се одржа во вилата на Цеца на Дедиње, а она што привлече внимание е тоа што фолк дивата за малку ќе го фатеше бидермаерот.
Анастасија и Немања се венчаа во присуство на кумовите и членовите на семејството, а по граѓанската венчавка Гудељ со мајка си и сестра си ја напушти вилата на Цеца.
– Сè е супер, задоволни сме, му благодарам на Господ – изјави кратко за „Блиц“ по венчавката Немања Гудељ.