Арина Сабаленка/фото: EPA/TOLGA AKMEN

ВИДЕО | Сабаленка ја елиминираше Радукану за осминафинале на Вимблдон

Најдобрата тенисерка на светот Арина Сабаленка денеска ја победи Ема Радукану во третото коло на грен слем турнирот Вимблдон. Сабаленка ја надигра Британката во два сета со резултат 7:6, 6:4, по околу два часа игра.

Радукану во текот на првиот сет дојде до брејк во петтиот гем, но го испушти во осмиот. Во 10 гем, Сабаленка имаше седум сет-топки, но сите ги спаси Радукану со своите сервиси и потоа немаше повеќе брејкови.

Одлуката беше донесена во тајбрејк во кој Радукану имаше сет-топка, а потоа Сабаленка врза три поени и го освои првиот сет.

Британската тенисерка водеше со 4:1 во вториот сет, а потоа Сабаленка освои пет последователни гема за победа и пласман во следната рунда.

Сабаленка ќе игра во осминафиналето на Вимблдон против Белгијката Елиз Мертенс, кој претходно беше подобра од Елина Свитолина од Украина со резултат од 6:1, 7:6 (7:4).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот