Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

ВИДЕО: Рубљов најдобар во Виена и го престигна Ѓоковиќ!

Рускиот тенисер Андреј Рубљов денеска го совлада Лоренцо Сонего во финалето на АТП турнирот во Виена, Австрија.

Рубљов успеа да го елиминира играчот кој на овој турнир беше подобар од првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, со резултат 2:0 во сетови 6:4 и 6:4.

За Русинот ова е вкупно петта АТП титула оваа година и така тој моментно е најдобар тенисер во 2020. Го престигна српскиот ас Ѓоковиќ кој во 2020 година освои четири трофеи за што можете повеќе да прочитате ТУКА

Рубљов го освои првиот сет така што направи „брејк“ во петтиот гем и спаси две „брејк“ топки во гемот во кој сервираше за водство.

Во вториот сет при резултат 4:4 дојде до нов „брејк“ и на крајот сервираше за триумф. Дефинитивно одлична година за осмиот тенисер на светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот