фото: EPA-EFE/EMANUELE PENNACCHIO

ВИДЕО | Ретеги со четири гола во „петардата“ на Аталанта против Верона

Фудбалерите на Аталанта во 24 коло од Серија А ја совладаа Верона на гости со 5:0, а четирикратен стрелец за тимот од Бергамо беше Матео Ретеги.

Гостите рано поведоа, Де Кетеларе шутираше, топката се одби од пречката и го погоди стапалото на Ретеги, на кој не му беше тешко да погоди од непосредна близина во мрежата на Верона – 0:1.

Само четири минути подоцна истиот играч зголеми на 2:0, а Едерсон зголеми на 3:0 во 37 минута.

Дека е во одлична форма потврди Ретеги во 44. минута. По еден слободен удар, голманот на Верона успеа да интервенира, но топката се одби право до напаѓачот на Аталанта. Ретеги остана сам, па не му беше тешко да ја затресе мрежата.

Во останатиот дел од натпреварот Аталанта одигра само онолку колку што требаше за да го потврди триумфот. Ретеги не се задоволи со три гола, па погоди и во 56. минута. Мартен де Рун испрати центаршут од левата страна, Ретеги беше на вистинското место, а топката по неговиот удар четврти пат заврши зад голманот на Верона – 0:5.

Во следното коло Аталанта игра против Каљари, пред тоа во Лигата на шампионите со Бриж, додека Верона ќе мора да бара бодови за спас на сезоната во дуелот со Милан.

На табелата во италијанскиот шампионат Аталанта е на третото место со 50 бодови, зад водечките Наполи (54) и Интер (51) кои имаат по еден меч помалку. Верона е на 14 место со 23 бодови, колку што има и Лече на 13 позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот