ВИДЕО: Протести против разрешувањето на министерот за правда Лепосавиќ: Граѓаните ширум Црна Гора пеат „Ој Косово, Косово“

Премиерот Здравко Кривокапиќ денес објави дека започнал постапка за отповикување на министерот за правда и човекови права, Владимир Лепосавиќ, како и дека е подготвен да поднесе оставка доколку на сегашната влада не ѝ оди добро.

Овој потег следи откако Лепосавиќ рече дека е подготвен да признае дека злосторството за геноцид се случило во Сребреница кога, како што рече, тоа недвосмислено ќе се утврди.

Кризата во владејачкото мнозинство во Црна Гора се префрли и на социјалните мрежи, каде во 18 часот беа најавени протести во повеќе градови на Црна Гора за поддршка на министерот Владимир Лепосавиќ.

Беше организирано и потпишување на петиција против смена на министерот за правда.

На надвозникот во Подгорица се појави транспарент со натпис „Србин е сменет од канцеларија поради Сребреница, сетете се, немаше геноцид“. Се пее песната „Ој Косово, Косово“, а се собираат и автомобили кои минуваат покрај демонстрантите за поддршка.

Собраните извикуваат „Нема да и дадеме на Владата“ и „Сите сме Влада“.

Локалните медиуми пренесуваат дека на протестите во Никшиќ се собрале околу илјада граѓани кои го блокираа главниот пат и започнале протестен марш со извици „нема да дадеме министер“.

Граѓаните се собраа и во Бијело Поле и Бар за да му дадат поддршка на министерот Лепосавиќ.

Исто така, во Подгорица, граѓаните дадоа поддршка на министерот за правда.

Во знак на протест, жителите на Беране го блокираа патот Беране-Бијело Поле.

Демократскиот фронт, Демократска Црна Гора, Права Црна Гора и Работничката партија денес соопштија дека нема да поддржат смена на министерот за правда, човекови и малцински права, Владимир Лепосавиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот