ВИДЕО: Пронајден тешко повредениот параглајдерист на Галичица, со хеликоптер пренесен во Скопје

Повредениот параглајдерист транспортиран кон Скопје/Фото: ЦУК

Спасувачите од планинарската спасувачка служба од Црвениот Крст Охрид пристигнаа на падините на Галичица на местото на кое падна холандскиот параглајдерист, соопшти ЦУК.

Параглајдеристот поради сериозните повреди на ‘рбетот е имобилизиран со вакуум душек и шанцова кравата и со помош на полициските специјалци од Тигрите е сместен во хеликоптер на МВР.

Хеликоптерот е на пат за Скопје каде повредениот турист ќе го презеде медицински тим, соопшти Центарот за управување со кризи.

-Алпинистичкиот тим на САЕ Тигар во 17.00 часот со хеликоптер пристигна на местото на несреќата, го фиксира и го презеде повредениот холандски државјанин Л.Г.Ј.(35), кој претходно беше имобилизиран од екипа на Планинарската спасувачка служба на Црвен крст Охрид и во 17.15 со хеликоптерот од Хеликоптерската единица за полициски намени, која е дел од Одделот за воздухопловни операции на МВР, стартуваше со транспорт кон Скопје. Во 17.50 часот тимот од МВР со повредениот слета на хелиодромот во Комплекс клиники и во координација со лекарите од клиниките, лицето во придружба на животоспасител од САЕ Тигар, на негово барање, во 18.10 часот е префрлено во приватна медицинска установа за укажување на лекарска помош, соопшти СВР Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот