ВИДЕО | Продолжи драмата на аеродромот во Хамбург, вооружен Турчин ја држи ќерката како заложник

Аеродромот во Хамбург под полициска опсада поради закани од турски државјанин/Фото: EPA-EFE/Blaulicht-News.de

Во тек е трилерот на аеродромот во Хамбург, во кој вооружен татко ја држи во заложништво својата 4-годишна ќерка од саботата вечер.

Германските медиуми јавуваат дека напаѓачот е 35-годишен маж со турско потекло од Долна Саксонија. Тој наводно имал спор околу старателството со мајката на детето и го киднапирал девојчето во саботата попладне. Билд пренесува дека мажот сака да отпатува со неа во Турција со авион.

Мајката претходно повикала полиција и пријавила киднапирање на детето. Мажот испукал два истрели во воздух и фрлил молотов коктел, изјави портпаролот на федералната полиција.

Авиосообраќајот на аеродромот во Хамбург беше веднаш запрен , соопшти полицијата, додека терминалите беа затворени и десетици летови беа откажани.

Според локалните власти, сообраќајот на аеродромот во Хамбург остана во прекин. Полицијата соопшти дека психолог разговара со мажот и нема индикации дека може да им наштети на други луѓе.

„Полициската операција продолжува, авиосообраќајот останува во прекин до понатамошно известување“, соопшти управата на аеродромот утринава на платформата X (поранешен Твитер).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот