Свештеникот Здравески / Фото: Фејсбук / скриншот

ВИДЕО | Прилепски поп ја куди Владата за дигиталната реформа: „Ќе станеме дигитален код“

Стефан Здравески, свештештеник на Преспанско-пелагониската епархија, повторно, овој пат од пред олтарот, зборуваше како најавените дигитални реформи на Владата „ќе значат контрола на луѓето“.

Здравески тврди дека не бил против дигитализацијата, но и дека „светот го става човештвото пред нови искушенија“.

„Се промовира дека нашите телефони ќе ги содржат сите наши податоци. На прв поглед тоа изгледа интересно, но тоа воедно е и пат кон нешто друго. Пат кон целосна дигитална контрола. Кон можност човекот да биде следен, ограничен и поробен пред новите технолошки системи, да биде дигитален код“, вели Здравевски.

Попот снимката ја објави на социјалните мрежи, а на неа се гледа (слуша) како верниците и негови следбеници изразуваат поддршка за тоа што тој го кажува.

Интервју со министерот Андоновски: Како ќе функционира Дигиталниот паричник во земјава?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот