ВИДЕО | Пречекани „како во Србија“: Студентите на велосипеди стигнаа во Штутгарт

Студентите од Србија што со велосипеди се упатени кон Стразбур, стигнаа во Штутгарт Германија, каде ги пречека голем број на луѓе кои се собраа на Мариен плоштадот. Пречекот беше со зборовите и повиците „пумпај, пумпај“.

 

Студентите порачаа дека се чувствуваат како да се во Србија поради големиот број Срби што живеат во дијаспората.

Малку ми е жал кога ќе видам колку наши луѓе има во Германија. Немам впечаток дека сум ја напуштил Србија или екс Југославија зашто константно имаме интеракција со нашинци, ние разговараме на наш јазик со сите. Секој ден по цел ден сме меѓу наши луѓе, константно како се движиме низ села, низ улици, на секои 2 километри некоја група од 3 до 5 луѓе со знаме што го веат. Низ Србија да возевме немаше да има толку многу луѓе, така што ми е малку жал што толку многу луѓе ја напуштиле Србија но се надевам дека нешто ќе направиме за тие да се вратат еден ден назад, порача еден од студентите за Н1. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот