ВИДЕО | Пожар во трговски центар во близина на Москва

Фото Твитер Некста

Синоќа избувнал пожар во голем трговски центар во предградието на Москва, во областа Куркино. Засега нема информации за жртви.

Снимката од пожарот беше објавена на „Твитер“ од страна на „Некста“, независен белоруски медиум чии сопственици оперираат од Полска.

Според руската независна телевизија РЕН ТВ, пожарот се случил на автопатот Новокуркинскоје, а погодената површина е 300 метри квадратни. До опожарената зграда има бензинска пумпа. Пожарникарите утринава сѐ уште биле на терен, а пожарот сега е изгаснат. Руските власти сѐ уште не дале официјална изјава за пожарот.

Причината за пожарот сѐ уште не е позната, а истрагата е во тек. Во последната година Москва беше зафатена од серија пожари. Изгореа неколку трговски центри, хотели и владини згради, а во пожарот во хостел загинаа осум странски државјани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот