фото: Screenshot/instagram.com/fpbasquetebol

ВИДЕО | Португалија во дуел со многу промашувања ја совлада Чешка на Евробаскет

Португалската кошаркарска репрезентација ја победи Чешка со 62:50 во првото коло од Европското првенство во Рига, Летонија.

Португалија го започна своето учество на Евробаскетот со победа, бидејќи на овој натпревар го победија благиот фаворит.

Тимот предводен од Марио Гомеш од клупата водеше од првата до последната минута. Од друга страна, гледајќи статистички, натпреварот беше исклучително лош за гледање.

Двата тима имаа голем број промашувања, а поените од офанзивните скокови беа одлучувачки фактор. Треба да се напомене дека ослабената Чешка имаше помалку од 30 проценти погодени шутеви од поле.

Интересно е што тимовите загубија голем број топки. Чесите застанаа на 19, а Португалците на 13, што е премногу за ова ниво на натпреварување.

Најефикасен играч во португалската репрезентација беше Кета со 23 поени и 18 скока. Лишбоа додаде 15, а Тревон Вилијамс имаше 10.

Инаку Неемиас Кета е првиот играч со повеќе од 20 поени и 15 скока во нивното деби на Евробаскет од 1995 година.

Единствениот чешки играч со двоцифрен број на поени беше Вит Крејчи со 10 поени. Во следното коло, Чешка ќе се соочи со Турција, додека селекцијата Португалија ќе игра против Србија.

ВИДЕО | Литванците ја оправдаа улогата на фаворит со победа над Велика Британија на Евробаскет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот