ким кардашијан реј џеј
Фото: Profimedia

ВИДЕО | Поранешното момче на Ким Кардашијан ги тужи неа и нејзината мајка: „Полицијата доаѓа, ќе биде полошо од Диди“

Пејачот и претприемач Реј Џej, најпознат по својата бурна врска со Ким Кардашијан, изнесе шокантно тврдење дека соработува со федералните власти во истрага што би можела да ги засени сите претходни скандали. Според него, станува збор за случај RICO (Закон за организации под влијание на рекетари и корумпирани организации) кој е полош од оној на Диди, пренесува „Пејџ сикс“.

Реј Џеј, кој се појави во центарот на вниманието во 2007 година поради експлицитно видео со Ким Кардашијан, во живо изјави дека целиот клан Кардашијан би можел да се соочи со обвинение RICO, слично на она што го погоди музичкиот могул Шон Диди Комбс претходно оваа година.

– Ќе бидам на вести секој ден. Ќе кажам сè. Секој што е во добри односи со Ким, веднаш нека ја извести, полицијата доаѓа. Не можат ништо да сторат во врска со тоа, полошо е од Диди – рече тој. Сепак, засега нема докази дека е поднесена тужба.

Оваа изјава предизвика огромно внимание во јавноста, особено затоа што доаѓа во време кога случајот против Шон Диди Комбс, обвинет според Законот RICO, е главна тема на американските медиуми. Споредбата укажува дека станува збор за потенцијално многу сериозни обвиненија поврзани со организиран криминал.

Законот RICO (Закон за организации под влијание на рекетари и корумпирани организации) се користи против лица вклучени во долгорочни и сложени криминални активности во рамките на организациите. Обвиненијата често вклучуваат перење пари, изнуда и други сериозни кривични дела.

Ова не е прв пат Реј Џеј да изнесува скандалозни тврдења. Порано овој месец, тој објави 44-минутно видео на Инстаграм во кое тврдеше дека мајката на Ким Кардашијан, Крис Џенер, стои зад познато порно видео.

Тој тогаш ѝ порача:

– Се задеваш со погрешна личност.

Покрај тоа, тој објави наводна преписка со Ким, тврдејќи дека нејзината мајка имала целосна контрола врз процесот на снимање, додека тој само се согласил со идејата. Како доказ, тој го презентираше и договорот според кој двајцата наводно добиле по околу 380.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот