ВИДЕО | Полицајци тепале обезбедување во казино во Куманово

Фото: Принтскрин/Панче Тошковски

Кривична пријава против еден и дисциплински постапки уште против тројца полицајци, поднесе МВР за насилство што се случило лани во казино во Куманово.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Д.П., полицаец во Полициската станица за гранични проверки и граничен премин Деве Баир, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик и пријава за констатиран прекршок по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир против Н.Д., исто така, полицаец во Полициската станица за гранични проверки и граничен премин Деве Баир.

На 04.11.2023 во казино во Куманово, пријавениот Д.П. физички нападнал лице вработено како обезбедување во казиното и агресивно се однесувал кон полициски службеници од Полициската станица Куманово, кои извршувале службени дејствија.

Н.Д., кој бил заедно со Д.П., во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон обезбедувањето.

Кај Д.П. по приведувањето во полициска станица по алкотестирање е утврдено присуство на алкохол во крвта.

Против двете лица иницираната е постапка за утврдување дисциплинска одговорност, а додека за полицискиот службеник Д.П. задолжителна мерка – отстранување од работното место и одземање на оружје.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против двајцата полицајци поднесе предлог за поведување постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 од Колективниот договор на МВР. За Д.П. е изречена мерка за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка.

При преземање мерки за расчистување на случајот било констатирано дека при интервенцијата, Д.К. и Ф.М., двајцата полицајци од Полициската станица Куманово, не ги презеле сите потребни службени дејствија против лице од обезбедувањето во казиното и не изготвиле поднесок против него. И против нив Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност по член 210 од Колективниот договор на МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот