ВИДЕО: Почнува најголемата воена вежба на НАТО со 90 000 војници

фото: МИА, Состанок на НАТО Алијансата

НАТО мобилизираше околу 90.000 војници за воените вежби кои започнуваат во февруари и ќе траат околу четири месеци. Воената вежба наречена „Steadfast Defender“ ќе биде најголемата воена вежба на НАТО во последните неколку децении, изјави американскиот генерал Кристофер Каволи по состанокот на Воениот комитет на НАТО во Брисел, пренесува Дојче веле.

Според врховниот командант на НАТО во Европа, подготовките треба да почнат веќе оваа недела. Поточно, од февруари до мај ќе се практикува алармирање и распоредување на национални и мултинационални копнени сили.

Вежбата ќе биде јасна демонстрација на кохезијата, силата и решителноста на НАТО алијансата за заемна заштита, рече Каволи.

„Алијансата ќе ја покаже својата способност да ја зајакне евроатлантската област со трансатлантски транспорт на војници од Северна Америка“, рече командантот на сојузничките сили за Европа, Кристофер Каволи.

Во јуни 2023-та година АНТО веќе одржа голема вежба на воздушните сили „Air Defender“ над германскиот воздушен простор. Тоа била најголема воена вежба на премесување на воздухопловните сили од основањето на НАТО. Учествувале 250 авиони и околу 10.000 војници од 25 земји.

Најголемата вежба на НАТО од крајот на Студената војна до сега е организирана во 2018-та година со фокус на Норвешка. Учествувале околу 51.000 војници.

Последните воени вежби на НАТО кои биле поголеми од сега планираните биле одржани пред распадот на СССР во 1991-ва. Тогаш, меѓу другото, биле направени серија вежби „Return of Forces to Germany“. Тогаш биле вклучени околу 125.000 војници.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот