Фото: Принтскрин - ЈуТјуб

ВИДЕО | По Шакира, Мајли Сајрус објави нова песна на роденденот на поранешниот сопруг

Мајли Сајрус, минатата година јавно го нарече својот поранешен брак со актерот Лијам Хемсворт „катастрофа“, откако на нејзиниот настап во Сао Пауло, „венчаваше“ геј-пар. 30 годишната пејачка и музичарка позната по својата прва улога на Хана Монтана, се претвори во дива скандалозна девојка, а бракот со австралискиот актер беше пропратен со турбулентен однос и нестабилност.

Profimedia
Фото: Профимедиа

Вчера, американската пејачка и актерка ја објави новата песна со наслов „Flowers“. Песната е објавена на роденденот на нејзиниот поранешен сопруг, актерот Лијам Хемсворт, а текстот зборува за нивниот неуспешен брак. За еден ден песната има 18 милиони прегледи.

„Бевме добри, бевме златни, таков сон што не може да се продаде. Бевме во право, додека не бевме. Изградивме дом, гледавме како гори, се дел стиховите на песната.

Тие стихови имаат двојно значење. Нивната куќа во Малибу во која живееле заедно, вредна неколку милиони долари, била уништена во пожар во 2018 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miley Cyrus (@mileycyrus)

 

„Не сакав да те оставам, не сакав да лажам, почнав да плачам, но потоа се сетив… Можам да си купам цвеќе, да си го напишам името во песокот, да разговарам со себе, да кажам работи кои не ги разбираш. Можам да танцувам, да се држам за раце. Да, можам да се сакам себеси подобро од тебе“, е текстот на песната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miley Cyrus (@mileycyrus)

„Без каење, без жалење. Ти простувам за секој збор што го кажа“, вели Мајли во песната.

Видеото е снимено на повеќе локации. Мајли шета по улиците на Холивуд во златен фустан со очила за сонце. Дел од видеото е снимено покрај базенот каде Мајли плива во долна облека и во дворот каде таа вежба. Видеото завршува со снимка од Мајли во црн костум пред куќата.

Фото: Профимедиа

Мајли и Лиам раскинуваа неколку пати во текот на нивната врска. Тие се запознаа во 2008 година на снимањето на „Последната песна“ кога Мајли имаше само 17 години, а Хемсворт имаше 19. Првпат се верија во 2012 година, но раскинаа една година подоцна. Тие се смириле во 2015 година и се венчале во декември 2018 година на мала церемонија во Нешвил. Конечно, тие го завршија својот брак во 2020 година.

Мајли Сајрус прозборе за разделбата со нејзиниот поранешен сопруг Лиам Хемсворт

Сите ја сметаат за бесчувствителна: Мајли Сајрус, по разводот и љубовните авантури со жени, реши да признае што ја мачи!

ФОТО | Мајли Сајрус „плукната“ Лепа Брена: Дали ви личат?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот