
ВИДЕО | Пет години по грабежот на скапоцени камења вредни 124 милиони долари, накитот е вратeн во музејот во Дрезден
Речиси пет години откако беше украден накит вреден милиони евра во грабеж на музеј во Источна Германија, посетителите повторно можат лично да се восхитуваат на речиси сите скапоцени парчиња.
Препорачано
Во ноември 2019 година, крадците украдоа парчиња кои содржеа повеќе од 4.300 дијаманти со проценета вредност од над 113 милиони евра (124 милиони долари), од музејот „Gruenes Gewoelbe“ (Зелениот трезор) во Дрезден, во источногерманската покраина Саксонија, пишува „Си-ен-ен“.
Nearly five years after millions of euros’ worth of jewellery was stolen in a museum heist in eastern Germany, visitors can once again admire nearly all of the precious pieces in person https://t.co/Fa5j8btJ9y pic.twitter.com/F8QpR8Xyuo
— Reuters (@Reuters) August 13, 2024
Полицијата соопшти дека повеќето од накитот украден од музејот, во кој се наоѓа една од најголемите европски уметнички збирки, е пронајден. Деловите што сè уште недостасуваат вклучуваат еполета на која бил поставен скапоцен камен познат како Дрезденски бел дијамант.
„Воодушевени сме и многу благодарни, денес е убав ден за нас“, изјави Мајкл Кречмер, премиер на Саксонија.
Марион Акерман, директорка на Уметничката ризница во Дрезден (SKD), во која се наоѓа зелениот трезор, истакна дека од среда јавноста повторно ќе може да ги види скапоцените камења.
Оштетувањето на скапоцените камења може да се види само ако ги погледнете внимателно.
„Сега се чини дека сите парчиња може да се обноват“, рече Акерман, додавајќи дека ќе работат со меѓународни експерти. Истовремено, богатството сѐ уште е доказ во кривичната постапка.
Грабежот на 25 ноември 2019 година привлече големо внимание кај меѓународната јавност. Крадци украле 21 уникатен историски накит од дијаманти и брилијанти и направиле штета над милион евра.
Петмина млади момчиња минатата година беа осудени на затворски казни за грабеж, палење автомобил за бегство во подземна гаража и палење на дистрибутер на струја.
По апсењето, тие го вратиле најголемиот дел од пленот. Сè уште недостасуваат три предмети со големи скапоцени камења.