ВИДЕО: Пензиониран доктор од тетовско со подвижна амбуланта постојано во хумани мисии

Фото: Слободен печат

Докторот специјалист анестезиолог Абдулџелал Есати од тетовско Теарце веќе неколку години е во пензија, но само на хартија, тој продолжува и натаму професионално да работи.

Работниот век решил да го продолжи со хумани мисии. Неговото возило е практично подвижна амбуланта. Има се за брза интервенција, со која се спасува човечки живот.

Луѓето од околината ме знаат, ако сакаат брза интервенција ми се јавуваат, јас пристигнувам на лице место.

Во крвта ми е вели да помагам на луѓето.

Така и минатиот месец доктор Абдулџелал Есати познат кај народот во полошко како доктор Џеки, интервенираше кога работник од ЕВН падна од дрвен столб „бандера“ додека работел по пријавен дефект. Работникот задобил тешки повреди при падот, но за среќа брзата интервенција на пензиониораниот доктор, спречила поголема трагедија.

„Ми се јави една особа со паничен глас. Докторе дали сте дома, дома сум, му одговорив. Ми лоцираше место, имаше паднато од бандера, работник од ЕВН. Стигнав за кратко, оти јас сум од Теарце, а и настанот се случи во оваа опшина. Ја видов непогодата. Мрак, ветер, дожд, паника, народ насобран, офкање на пациент. Додека работел се скршила бандерата сосе одвод и паднала доле. Во несреќа, среќа што главата на жртвата, на пациентот, беше над бандерата која паднала на средината од неговото тело. Со помош на народот ја поместивме бандерата. Бев приморан да ја сечам неговата униформа, за да можам да најдам вена. Ние ја нарекуваме животна вена.За среќа ја погоди вената. Ја превенирав болката. Ја имобилизирав ногата.Ја покачив тензијата, стана контактибилен. Од моја страна со помош на народот заврши успешно реанимација. Брзата помош поради далечина, поради обврски во градот, секогаш доцни. Болниот го транспортиравме за Скопје поради голема фрактура на ногата“,вели доктор Абдулџелал Есати.

Возилото ми го знае полицијата, па дури и на граничните премини кога поминувам ретко го проверуваат. Како доктор вели, воопшто не зел годишен одмор, а работа и по пензионирањето. Од сето ова, се фалам, но и се срамам, ама повеќе се фалам.

Фото: Слободен печат

„Брзите интервенции се многу значајни од здравствен, но и до морален аспект, да те види повредниот дека има доктор покрај себе. Но, мора претпазливост, при брзата интервенција може да се згреши, иако кај искусните доктори тоа е ретко,“вели доктор Есати.

Тој планира да направи и една волонтерска екипа, во која би биле вклучени и дел од неговото семејство, кои се исто така доктори по професија. Во зависност од законските нормативи на државата, би сакал оваа желба да ми се оствари, да ја продолжам мојата хумана мисија со поголема екипираност, додава доктор Есати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот