пелистер стајиќ
Момент од натпреварот помеѓу Пелистер и Хелиос Домжале/Фото: ABA Leage j.t.d./Dragana Stjepanovic

ВИДЕО: Пелистер во израмнет меч загуби од словенечкиот Хелиос Домжале

Вечерва во еден доста израмнет натпревар во рамките од АБА2 лигата, со многу резултатски промени, словенечкиот Хелиос Домжале го совлада Пелистер со 85:81. Македонскиот претставник не успеа во обидот да стигнат и до својата втора победа на „балонот“ во Широки Бријег.

После шест и пол минути игра, Пелистер поведе со повеќе од солидни 17:9 што беше знак за тајм аут на Хелиос. Даде резултат, затоа што словенечкиот тим направи серија од 9:0 за да го превземе водството (18:17).

Водеа битолчани и со 31:26, кога уследи втoрата серија на Хелиос од 8:0 за промена на водството. Феноменално шутираше Махковиќ, едноставно не знаеше да утне. Ги погоди сите пет обиди за три поени, дојде до 23 поени, и најмногу по негова заслуга (половина од поените) екипата од Домжале и го заврши првото полувреме со предност (47:44).

Пелистер го задржа поентерскиот учинок и во третиот период. Уште еднаш „зелено-белите“ дадоа 22 поени. Беа доволни за нерешен резултат (66:66) на истекот на тој трет дел од играта во кој свои минути имаше Малешевиќ, потоа и Караџовски. Крилото на Пелистер постигна десет поени во серија за да му донесе ново солидно водство на својот тим (56:51). Но, исто како и во првото полувреме, битолчани брзо го потрошија тој „кредит“, па во последната четвртина се тргна „од нула“.

Двете екипи продолжија со висок процент на реализација, особено во шутот за три поени. Пелистер одново се одвои, овојпат на шест поени (72:66) по двете врзани тројки на Стајиќ. Истата предност беше и некоја минута подоцна (74:68), кога дојде уште една мини-серија на Хелиос.

За нова промена на водството (79:76), како што беше на 03:40 минути пред крај. Пашајлиќ погоди многу битна тројка за „плус четири“ (82:78), предност која Хелиос ја имаше на влезот во последните две минути (84:80).

Имаше екипата од Битола шанси да го стигне тоа водство. Но, прво Кесар беше половичен од линијата за слободни фрлања, за 81:84, потоа Ѓуроски згреши во додавањето, на крајот Малешевиќ побрза да даде тројка од половина терен и да го однесе натпреварот во продолжение од пет минути, но беше непрецизен.

Махковиќ во победничките редови запиша 32 поени, а за Пелистер најрасположен беше Малешевиќ со 18 поени. На табелата Хелиос Домжале е на првото место со 21 бод, додека Пелистер е на 11 место со 15 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот