фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

ВИДЕО: Педри за три бода на Камп Ноу, Барса ја чува лидерската позиција во „Ла Лига“

Фудбалерите на Барселона ја задржаа лидерската позиција во „Ла Лига“ со минималната победа на „Камп Ноу“ против Хетафе (1:0).

Единствениот гол се случи во 35 минута, гостите направија грешка на сопствената половина, по што следеше брза акција на каталонскиот гигант.

Рафиња го проигра Педри кој беше во налет, репрезентативецот на Шпанија одлично реагираше и стрелаше за триумф.

Во продолжение, ударот со волеј на Дембеле во 59 минута заврши покрај голот, додека во 85 минута Франк Кеси се најде пред голманот на гостите, но Давид Сорија спречи погодок.

Десет минути претходно, најдобрата шанса на Хетафе да избегне трет последователен пораз во шпанското првенство ја пропушти Мајорал.

Се одиграа уште два меча, Виљареал – Жирона (1:0) и Елче – Осасуна (1:1). На табелата води Барселона со 44 бодови, пред Реал Мадрид кој има 38.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот