
ВИДЕО | Памела Андерсон вели дека има посебна хемија меѓу неа и Лијам Нисон: Тој призна дека го освоила со кулинарските вештини
Канадско-американската актерка Памела Андерсон проговори за хемијата што се појави меѓу неа и нејзиниот колега Лијам Нисон за време на снимањето на филмот „Голиот пиштол“ (The Naked Gun).
Препорачано
И покрај тоа што голем дел од својот живот го поминала како активна актерка, 58-годишната Андерсон признала дека се плашела од можноста да работи со нејзиниот колега Нисон, пишува „Дејли мејл“.
„Тој има неверојатна кариера, а јас се чувствував како штотуку да почнувам, па бев малку несигурна, но потоа пеперутките ми исчезнаа од стомакот и тогаш, ете ме“, изјавила таа за „Loose Women“.
Кога ја прашале дали направиле нешто за да се зближат надвор од снимањето, таа одговорила:
„Поминавме толку многу време заедно, постои еден вид природна хемија. Не знам дали тоа секогаш се случува, но ние имавме среќа.“
Нејзииниот колега, 73-годишниот Нисон призна дека кулинарските вештини на верната вегетаријанка Андерсон придонеле за да се зајакне нивното пријателство надвор од екранот.
„Памела е фантастична готвачка… таа многу безброј пати, ми направи леб од квасец, што беше прекрасно.“
Андерсон неодамна страсно го бакна во образ додека позираа на црвениот тепих, а снимката од овој интимен момент предизвика реакции. Многумина веруваат дека тие се во романтична врска.
ФОТО | Памела Андерсон и Лијам Нисон фатени заедно пред хотел: Таа насмеана, тој се крие под капа