ВИДЕО | Ова се најдобрите серии на Нетфликс во 2023 година

Фото: Пекселс/ cottonbro-studio

Нетфликс имаше свои успеси и неуспеси и оваа година кога се во прашање филмовите и сериите. Од познатата серија „Еден дел“ (One Piece), која ги воодушеви обожавателите и критичарите, до третата сезона на „Вештерката“ (The Witcher), која наиде на главно лоши критики. Членовите на Фејсбук групата „Нетфликс Бенгрс“ (Netflix Bangers) неодамна ги избраа најдобрите филмови на годината на Нетфликс , а сега се свртеа и кон серии, пишува „Јунилед“ (Unilad).

Значи, без дополнително одложување и без посебен редослед, еве ги првите десет серии на Нетфликс оваа година според гледачите.

„Целата светлина што не можеме да ја видиме“ (All the Light We Cannot See)

Воената минисерија „Сета светлина што не можеме да ја видиме“, адаптација на Нетфликс на истоимениот роман напишан од Ентони Доер, дојде на Нетфликс на почетокот на ноември, но веќе ги освои срцата на гледачите.

Серијата следи двајца тинејџери кои растат за време на Втората светска војна – слепата Французинка Мари-Лор и младиот Германец Вернер Пфениг, кој е принуден да се бори за германската војска.

„Која е Ерин Картер“ (Who is Erin Carter)

Британската трилер серија „Која е Ерин Картер“, со Евин Ахмад во главната улога, се најде на врвот на гледаноста во дури 82 земји.

Серијата ја следи британската учителка Ерин Картер, која живее во Барселона со сопругот и ќерката. Откако таа е принудена да се брани за време на грабеж на супермаркет, нејзиното мистериозно минато почнува да се појавува и да ги загрозува животите на нејзиното семејство.

„Кривичен законик“ (Criminal Code)

Бразилската криминална серија „Кривичен законик“, во која главните улоги ги толкуваат Мејв Џинкингс, Ромуло Брага и Томас Акино, сè уште е во топ 10 најгледани серии на Нетфликс.

Приказната следи група детективи од Парагвај кои се обидуваат да стават крај на криминална организација која ги преминува границите на нивната земја.

„Еден дел“ (One Piece)

Адаптацијата на Нетфликс на делото „One Piece“, напишано од Еичиро Ода, ги собори рекордите на гледаност поставени од „Stranger Things“ и „Wednesday“.

Серијата го следи младиот пират Луфи, кој се обидува да го пронајде богатството наречено One Piece и на тој начин да стане крал на сите пирати. Попатно, тој запознава пријатели кои му се придружуваат во авантурата.

„Драго дете“ (Dear Child)

Германскиот психолошки трилер „Dear Child“, кој ги освои корисниците на Нетфликс ширум светот, е базиран на истоимениот бестселер на писателката Роми Хаусман.

Главниот фокус на серијата е Лена и нејзините две деца, кои живеат во затскриената кабина на нивниот киднапер. Откако Лена и мистериозното девојче успеваат да побегнат од заробеништво, полицијата повторно започнува со истрага за случај на киднапирање на 13-годишна возраст.

„Речиси нормално семејство“ (A Nearly Normal Family)

Шведската серија „A Nearly Normal Family“ моментално е на третото место на листата на најгледани серии на Нетфликс.

Оваа криминална серија ги прикажува настаните што доведоа до и по убиството на 32-годишен маж. Во целиот случај е вклучено навидум совршено семејство, чии животи се менуваат по убиството.

„Адвокатот Линколн“ (The Lincoln Lawyer)

На листата се најде и втората сезона на една од најпознатите серии на Нетфликс, во која главните улоги ги толкуваат Мануел Гарсија-Рулфо, Неве Кембел и Беки Њутн.

Адвокатот Линколн е правна серија базирана на романите на Мајкл Конели, во која се појавува адвокатот и поранешен зависник Мики Халер, кој претпочита да работи во својот автомобил наместо во канцеларија.

„Лупин“ (Lupin)

Иако третата сезона на „Лупин“ наиде на одредени критики, таа и понатаму ги воодушевува гледачите, а особено впечатлива е изведбата на главниот актер Омар Сж.

Во третата сезона, познатиот крадец Асан Диоп се обидува да се одмазди за смртта на неговиот Бабакар, кој стои зад угледно и богато семејство.

„Падот на куќата на Ашер“ (The Fall of the House of Usher)

Режисерот Мајк Фланаган се врати на Нетфликс во октомври со реномираната серија „Падот на куќата на Ашер“, инспирирана од делата на Едгар Алан По.

Серијата на Фланаган ги следи живите членови на богатото семејство Ашер, сопственици на корумпирана фармацевтска компанија кои се прогонувани од духовите од минатото.

„Железничарите“ (The Railway Men)

Многу корисници на Нетфликс ја пофалија индиската историска серија „The Railway Men“, со Р. Махаван, Кеј Кеј Менон и Дивиенду во главните улоги.

Серијата ја прикажува најтешката индустриска несреќа во историјата, која се случила во 1984 година во Бопал, кога протекло големо количество хемикалии, предизвикувајќи смрт на илјадници луѓе во околните градови. Серијата ги следи железничарите кои спасија многу животи по трагична несреќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот