ВИДЕО | Oткриен виновникот за звуците од порно филм на ждребот за Европското првенство?

Вчера во Хамбург се одржа ждрепката за групите на Европското првенство, а овој настан беше одбележан и со момент во кој во салата се слушнаа звуци од порно филм.

На никој во салата во тие моменти не му беше јасно што се случува, додека организаторот се обиде да ја смири ситуацијата со шега. Еден ден подоца, медиумите го откриваат виновникот за инцидентот.

Не е потврдено, но веројатно станува збор за јутујберот Даниел Џарвис кој на своите профили на социјалните мрежи покажа како го подготовил изненадувањето за сите во Хамбург. На поставеното видео може да се види како се јавува на телефон, додека во исто време на телевизорот се гледа реакцијата на учесниците на ждрепката на она што се случува.

Засега како што споменавме не е потврдено како и на кој начин му успеало, а ако се потврди дефинитивно може да добие тужба и парична казна од УЕФА за нарушување на угледот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот