
ВИДЕО | Остана сама: Џулија Робертс откри како се чувствува откако нејзините деца го напуштија семејниот дом
Децата на Џулија Робертс се веќе возрасни, па оваа година и нејзиниот најмлад син го напушти семејното гнездо, што беше тешко за популарната актерка.
Препорачано
Таа претходно откри дека со сопругот Дени Модер ги одгледале своите деца, близнаците Хејзел и Финеус (20) и синот Хенри (18), со строги правила и конзистентни граници. Актерката призна дека децата биле одгледани построго, а пристапот до технологијата во нивниот дом бил внимателно следен, што вклучувало и добивање мобилни телефони подоцна од нивните врсници.
Робертс нагласи дека правилата се јасни и непроменливи, а сега прашањето е дали децата ќе ги почитуваат надвор од домот.
Имено, трите деца на популарниот пар сега се иселиле од семејното гнездо. Хејзел и Финеус отишле на колеџ во 2023 година, а сега и најмладиот член на семејството го напуштил домот.
„Не знам дали плачењето е најдобрата појдовна точка за нашето интервју во моментов“, рече актерката додека гостуваше кај Стивен Колберт, откривајќи дека е тажна што нејзините деца сега се толку возрасни. Сепак, со нејзиниот сопруг Дени Модер, таа успеа да најде среќа во осаменост: „ Искрено, сè е забавно. Сè е толку добро .“
Сепак, таа не е сосема подготвена да биде одвоена од своите деца предолго, па затоа веќе ги посетила неколку пати на колеџ.