ВИДЕО: Осомничениот за свирепите убиства во Атланта е син на свештеник и бил познат како „бубалица“

Роберт Арон Лонг (21) кој уби најмалку осум лица во три престрелки во вторникот во салоните за масажа во Атланта и блискиот град е уапсен синоќа во град на околу 240 километри од Атланта, јавуваат американските медиуми.

Полицијата истражува дали одделните напади во салоните се поврзани, бидејќи сличен напад со жртви се случил и на друга локација во округот.

Млад човек кој одел на училиште со Роберт, како и неговите поранешни соученици, велат дека осомничениот своето образование го завршил во 2017 година.

Според неговиот соученик од средното училиште „Секвоја“ таткото на Роберт бил пастор, а Роберт секогаш се однесувал како невин и повлечен.

– Се чинеше многу невин и никогаш не ги задеваше другите. Тој беше некако како „бубалица“ и не даваше впечаток дека е насилен, тоа е она што го паметам. Тој беше ловец, а татко му свештеник. Тој ја обожаваше религијата, изјави наставник од одделението за „Дејли бист“.

Објавите на социјалните мрежи од Бабатистичката црква Крабапл покажуваат дека Лонг и неговото семејство имале долга историја со црквата. Сеак, и покрај сведочењето на соучениците на Лонг, неговиот татко не е наведен како свештеник во црквата. Откритијата наведуваат дека тој одел во црква со неговата мајка, татко и помладата сестра. Неговата мајка организирала настани во црквата.

Една објава на Фејсбук, која оттогаш е избришана, вклучува сведоштво на Лонг за неговото крштевање во 2018 година. Тој рече дека ова е втор пат да се крсти.

– Како што многумина од вас се сеќаваат, кога имав 8 години, мислев дека станувам христијанин и се крстев за тоа време. И се сеќавам на многу причини за тоа што многу мои пријатели во мојата црква го сторија тоа – рече тој и цитираше и дел од Светото писмо за „изгубениот син“.

Властите соопштија дека Лонг ја презел одговорноста и тие веруваат дека тој дејствувал сам.

„Тој даде индикатори дека има некои проблеми, потенцијална сексуална зависност и можеби посетувал некои од овие места во минатото. Имаме уште многу работи за обработка“, рече меѓу другото капетанот на шерифот Џеј Бејкер на прес-конференција.

Бејкер подоцна додаде дека во нивното интервју со Лонг, 21, осомничениот посочил дека спа центрите биле „искушение“ за него.

„За него е искушение што сакаше да го отстрани“, изјави Бејкер пред новинарите. „Сè уште е рано, но тоа беа коментари што тој ги даде“.

Неговиот Инстаграм посочуваше, според изворите, „љубов кон храната, музиката и Бог“.

– Пица, пушки, тапани, музика, семејство и Бог. Ова прилично го сумира мојот живот. Тоа е прилично добар живот – беше напишано на неговиот Инстаграм профил.

Да потсетиме, првото пукање во кое беа убиени четири лица и две ранети, се случи во вторникот попладне во салон за масажа на околу педесет километри од Атланта, најголемиот град во сојузната држава Џорџија.

Набргу потоа, во уште две пукања загинаа четири лица во два салони за масажа во Атланта, соопшти полицијата во тој град.

Четворицата жртви на другите две пукања се жени, наводно со азиско потекло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот