
ВИДЕО | Омилената летна македонска салата го „полуде“ интернетот, Исланд остана без краставици
Супермаркетите во Исланд останаа без краставици откако трендот на социјалната мрежа ТикТок доведе до невиден пораст на побарувачката за овој зеленчук.
Препорачано
Лудилото беше предизвикано од рецептот за салата направена од рендани краставици, масло од сусам, лук, оцет од ориз и чили, којшто беше масовно споделуван на социјалните мрежи во малата нордиска земја.
Рецептот е талку голем хит што земјоделците не можат да одговорат на зголемената побарувачка, велат за Би-би-си од исландското здружение на земјоделци „Компанија за продажба на хортикултири“.
Од синџирот супермаркети „Хагкоп“ се сомневаат дека зголемената побарувачка за краставици има врска со трендот на ТикТок, но признаваат дека купувањето на овој зеленчук е повеќе од двојно зголемен.
Земјоделските здруженија велат дека не можат да ја задоволат зголемената побарувачка, но се надеваат дека снабдувањето ќе се врати во нормала „за една недела или нешто повеќе“.
Кристин Линда Свеинсдотир, шеф на здружението на земјоделци, вели дека рецептот на ТикТок е „навистина популарен“ и дека и другите состојки за кулинарскиот рецепт се распродадени.
За сè е всушност „виновен“ канадскиот тиктокер Логан Мофит, наречен „Дечкото краставица“ (Cacumber Boy), кој споделува нови рецепти во кои главна состојка е овој зеленчук.
@logagmNew cucumber recipe alert?♬ original sound – Logan
„Понекогаш е доволно да изедете само цела краставица“, е главната фраза на инфлуенсерот на почетокот на неговите многубројни видеа со рецепти.
Креаторот на профилот на ТикТок има повеќе од 5,5 милиони следбеници и од јули речиси секојдневно споделува рецепти за краставици.
Рецептот што се чини дека најмногу влијаел врз следбениците во Исланд содржи масло од сусам и оцет од ориз, но понекогаш Логан додава и крем-сирење, авокадо, па дури и чаден лосос.
И покрај популарноста на овој инфлуенсер, некои во Исланд се сомневаат дека тој е одговорен за постојаниот недостиг на краставици во продавниците.
Од синџирот супермаркети „Хагкоп“ за Би-би-си изјавија дека во овој период од годината вообичаено има голема побарувачка за краставици во Исланд.
Додека менаџерот за прехранбени производи на компанијата, Вигнир Биргисон, вели дека продажбата на состојки како маслото од сусам и некои зачини се „удвоила“ во продавниците, тој додава дека не верува дека моменталниот недостиг е само поради трендот на ТикТок.
И првиот човек на здружението на земјоделци изразува одреден сомнеж дека ТикТок влијаел на масовното купување краставици, наведувајќи дека има и други причини.
Дополнително, завршува училишниот летен распуст и училиштата се подготвуваат за стартот на новата учебна година, што дополнително го оптоварува снабдувањето.
„Сè се случува во исто време“, истакнала Свеинсдотир, но сепак, додава дека трендот на социјалните мрежи е важна причина.
„Ова е првпат да доживееме вакво нешто“, рекла Свеинсдотир.
Таа додала дека доколку трендот на ТикТок станал популарен претходно ова лето, „кога производството на краставици било во полн ек“, немало да има недостиг.
Земјоделците во Исланд, кои ги има близу 400.000 жители, произведуваат околу шест милиони краставици, рекла Свеинсдотир за Би-би-си.
Таа вели и дека се горди на количината на намирници што може да ги произведе земјата и покрај често екстремните временски услови.