фото: EPA-EFE/MANUELA SOLDI

ВИДЕО | Оклахома ја освои шампионската титула во НБА лигата

Кошаркарите на Оклахома ја совладаа Индијана со 103:91 во големото НБА финале, во решавачкиот седми натпревар, со што ја освои својата прва историска титула.

Мечот во Оклахома беше обележан со сериозна повреда на Тајрис Халибартон. Тој ја повреди Ахиловата тетива по само седум минути игра. Одлично го започна натпреварот со три тројки за краток временски период и девет поени, но потоа предвреме го напушти теренот.

Сепак, до крајот на првото полувреме, неговото отсуство од теренот не се чувствуваше премногу. Индијана играше многу добро во нападот, а на полувремето, тимот на Рик Карлајл водеше со 48:47.

Сепак, Оклахома го засили темпото на игра во второто полувреме, благодарение на Гилџес-Александер, поведе со 75:66, а потоа и со 81:68, така што со резултатот од 90:68 беше сосема јасно дека титулата ќе им припадне на играчите на Сити Тандер.

Шеј Гилџес-Александер беше најефикасниот во победничата екипа со 29 поени и 12 асистенции, а потоа следуваа Вилијамс со 20, Холмгрен со 16 поени, осум скокови и пет блокади, како и Карузо и Волас со 10 поени.

Прв стрелец во поразениот тим беше Бенедикт Матурин со 20 поени, 13 скокови и три асистенции. Гилџес-Александер беше прогласен за најкорисен играч во финалето на НБА лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот