Фото: Принтскрин/Јутјуб

ВИДЕО | Офарбајте ги јајцата со салфети: Единствено вака ќе добиете најубави мермерни шари

Оваа година пробајте малку поинаков начин за фарбање на јајцата…

Велигден полека ни се приближува и време е да смислите како ќе ги декорирате вашите јајца оваа година.

Ние ви ја предложуваме оваа прекрасна и многу едноставна техника. За да добиете најубави мермерни шари, ќе ви бидат потребни само неколку состојки и околу половина час време.

Потребни состојки:

– јајца

– салфетки

– гел боја

– оцет

– масло

Подготовка:

Јајцата сварете ги во солена вода околу 7 минути, зависно од нивната големина. Извадете ги и убаво избришете ги.

Гел бојата потопете ја во топла вода да стане течна, замоткајте ги јајцата во салфетки и врз нив направете ги посакуваните шари. Потоа испрскајте ја салфетката со оцет со цел боите поубаво да се пренесат на јајцата и оставете ги така околу 20 минути.

Отстранете ја салфетката и ставете ги јајцата во сад. Премачкајте ги со масло.

Во видео снимката погледнете како изгледа целата постапка…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот