
ВИДЕО: Одлично деби на Лилард во победата на Милвоки бакс
Кошаркарите на Милвоки го совладаа составот на Филаделфија со 118:107 на стартот од новата сезона во НБА лигата. Бакси беа предводени од Дејмијан Лилард кој на своето деби постигна 39 поени, осум скокови и четири асистенции.
Препорачано
Лилард оваа сезона дојде во Милвоки после 11 години во дресот на Портланд и постигна најмногу поени на дебито за Бакси од Тери Камингс, кој во 1984 година запиша 34 поени.
Во победата на Милвоки придонесе и грчкиот центар Јанис Адетокунбо со 23 поени и 13 скокови и стана играч со најголем број на постигнати коша од игра за Бакси – 5.905, пред Карим Абдул-Џабар кој имаше 5.902 поени во периодот од 1969 до 1975 година.
За Филаделфија прв стрелец беше Тајрис Макси со 31 поен (осум асистенции), следен од Џоел Ембид (24 поени, седум скокови и шест асистенции), а Тобајас Херис постигна 20 поени и седум скокови.
Лос Анџелес лејкерс со 100:95 триумфираше над Феникс најмногу благодарение на Ентони Дејвис кој блескаше со учинок од 30 поени и 12 скокови, додека Леброн Џејмс се истакна со 21 поен, девет асистенции и осум скокови.
За Санси Кевин Дурент беше најефикасен со 39 поени и 11 скокови, а Ерик Гордон имаше 15 коша.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
12мин
-
15мин
-
54мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5