ВИДЕО | Нов инцидент во Албанија: Запалени 60 лежалки на плажа

Плажа Претор Фото: Слободен печат/Драган Митрески

На плажа албанскиот крајбрежен град Дримаде изгореа 60 лежалки, а полицијата се сомнева дека пожарот бил подметнат. Инцидентот се случил еден час по полноќ.

Според порталот ABC Albania, постои сомневање дека станува збор за конфликт меѓу сопствениците на барови на плажа околу користењето на крајбрежјето во оваа област.

Пред неколку дена имаше конфликт меѓу сопствениците на барови, а во тој конфликт беше употребено огнено оружје, при што четири лица беа убиени, а двајца се тешко повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот