ВИДЕО | Несими: Јавноста во Косово и Албанија поделена по приведувањето на челниците на ОВК

Првичните оценки на јавности во Косово не се добри за одењето во Хаг на челниците на ОВК, затоа што без оглед колку овие луѓе се инволвирани во некои настани, јавноста во Косово не е подготвена за тоа. Политичките анализите кои се прават во Косово се квалитетни, аналитички, изјави во „Утрински брифинг“ кој се емитува на „Слободна ТВ“, Махи Несими, публицист, аналитичар.

-Доаѓаме до две спротивставени линии – едната групација која по ниедна цена не се согласува тие личности да бидат осудени, бидејќи се поврзуваат со тенденциите за истерување на Србите и војната и другата која се залага за навистина секој да одговара за она што го сторил. Тука се преплетуваат овие две линии – поддржувачи на луѓето кои се во Хаг, но преовладува и не онаа навивачка позиција кон Тачи, Красниќи и останатите. Значи има дел на аналитичари кои навистина се залагаат за процеси, рече Махи Несими, публицист, аналитичар.

Јавноста во Албанија исто како и во Косово е поделена, потенцира Несими. И таму едни се залагаат виновниците, доколку навистина е така да одговораат, додека другите ги сметаат за херои.

-Секако дека ова прашање и во Албанија ќе предизвика реакции затоа што тогашните структури дозволиле во нивната земја да се случува нешто доколку се случувало. Морам да нагласам дека во Косово се случиле извесни инциденти, убиства на врвни луѓе во Косово по доаѓањето на НАТО во земјата и за сето тоа никој не одговара. Има голем број на луѓе кои бараат по секоја цена за ова да се одговара- вели Несими.

-Не верувам дека ќе има поголеми импликации во Македонија, но самото појавување на Ахмети пред судот во Хаг, без оглед во какво својство е зборува лошо за него бидејќи знаел сè што се случува за време на војната во Косово и по војната. Значи знае за овие убиства за кои ќе треба да одговараат неговите најблиски пријатели. Само по себе тоа е аларм за тревога, смета Несими.

Целиот разговор проследете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот