ВИДЕО: Нереди по железничката несреќа во Грција, полицијата со солзавец ги бркаше демонстрантите

Фото: Твитер/принтскрин

Големи немири избувнаа вечерва на улиците на Атина, по големата трагедија која се случи рано утрово кај Лариса, каде во судир на два воза загинаа повеќе од 40 луѓе, а десетици се водат како исчезнати.

Стотици демонстранти излегоа на улиците на грчкиот главен град, гневни поради тоа што владата ја приватизираше железничката компанија „Хеленик Трејн“, под чија надлежност се товарните и патничките возови. Демонстрантите ја гаѓаа полицијата со камења и секакви предмети, а специјалците возвратија со солзавец.

Грчкиот министер за транспорт Костас Караманлис денеска соопшти дека поднесува оставка по синоќешната трагедија, јави државната јавна телевизија ЕРТ.

Свртничар на железничката станица во Лариса, според грчките медиуми, пред полицијата признал дека тој е виновен за страотната несреќа, бидејќи го испратил еден од возовите на погрешен колосек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот