Синди Свини - Нејт - Фото: EPA/ALLISON DINNER/Принтскрин/Јутјуб

ВИДЕО | Непријатно: Водителот на наградите Еми се пошегува со Сидни Свини, таа не беше импресионирана

Американската актерка Сидни Свини, која неодамна се најде на мета на критики за нејзината кампања за фармерки, присуствуваше на овогодишното доделување на наградите Еми. Таа ја додели наградата за најдобар спореден актер во мини-серија, антологиска серија или филм, а беше најавена од водителот Нејт Баргаце пред да излезе на сцената.

Нејт излезе пред публиката во тексас костум и се пошегува за контроверзната кампања.

„Заборавив – од некоја причина носам тексас смокинг. Имавме, како, шега, а тука е и појасот и …Не знам. Добро, ве молам поздравете ја двократната номинирана за „Еми,“ Сидни Свини“, рече Баргаце.

Свини излезе на бината облечена во елегантен црвен фустан, притоа не беше импресионирана од шегата што ја кажа Нејт. Имено, Сидни ги објави номинираните за наградата и воопшто не коментираше за она штосе случи.

Имено, Сидни беше заштитно лице на кампањата за фармерки „Американ Игл“ пред неколку месеци. Слоганот на кампањата беше: „Сидни Свини има одлични фармерки“. Неколку видеа со слоганот и нејзините монолози беа објавени на официјалните профили на брендот, а на многумина не им се допадна фактот што рекламата си играше со зборовите „фармерки“ и „гени“.

„Гените се пренесуваат од родител на потомство, честопати одредувајќи особини како боја на коса, личност, па дури и боја на очи. Моите фармерки се сини“, рече таа во еден од своите монолози, што ги натера обожавателите да шпекулираат за генетиката на русокоса жена со сини очи. Многумина на социјалните мрежи се согласија дека брендот промовира нацистичка пропаганда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот