Фото: Принтскрин/Јутјуб

ВИДЕО: Немала пари за нов фустан на евровизиската сцена, но успеа да ја воодушеви Европа

Едно од најголемите изненадувања на синоќешното полуфинале на Евросонг е Моника Лиу, литванската претставничка за која денес се зборува на социјалните мрежи и во европските медиуми.

Девојката со необична фризура која пееше на мајчиниот литвански јазик влезе во финалето, иако обложувалниците не и дадоа никакви шанси. Пред полуфиналето Моника беше на самото дно, а потоа Европа ја слушна нејзината песна и ја здогледа неа на бината.

Моника на Евросонг пееше во истиот фустан во кој пееше на натпреварувањето во Литванија. Новиот фустан кој го сакала, како што вели, за неа бил прескап.

„Размислував за друг фустан, но пред се, тој кој ми се допадна беше многу скап. Не можев да си го дозволам тоа. Освен тоа, сфатив дека фустанот со кој се претставив во мојата земја е соодветен за големата евровизиска сцена бидејки тој некако стана составен дел од мојот настап“, изјави пејачката претходно.

Некои беа изненадени од нејзиниот премин поради фактот што синоќа настапија Литванија и Летонија, па дијаспората од тие земји во остатокот од Европа мораше да се подели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот