ВИДЕО | Навивачите на Рома за Мурињо: Единствениот што не бранеше, ретко кој не претставуваше на начин како твојот

Фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Жозе Мурињо од неодамна повеќе не е тренер на Рома, но навивачите на римскиот клуб го искористија првиот меч по неговото заминување достоинствено да го испратат.

На вчерашниот меч против Верона во кој Рома под водство на Де Роси славеше со 2:1 најверните фановит на „волчицата“ истакнаа неколку транспаренти посветени на португалскиот стратег.

„Единствениот што не бранеше и последен кој се предаде. Фала Жозе, ретко кој не претставуваше на начин како тебе. Секој романист ќе ти биде благодарен“, стоеше на транспарентите

Тренер на Рома, Мурињо беше 2.5 години, а најголемиот успех го оствари со победата во Конференциската лига, а тоа беше прв меѓународен трофеј за клубот по цели шест децении.

ВИДЕО: Даниеле Де Роси триумфираше на дебито, Рома ја совлада Верона на „Олимпико“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот