ВИДЕО: Навивачите на Работнички разочарани ги натераа кошаркарите да ги соблечат дресовите

фото: принтскрин/youtube.com/@MAKBASKETTV

Во саботата во дерби натпреварот од 10 коло во Првата македонска кошаркарска лига одиграно во СРЦ „Кале“ во Скопје составот на Работнички загуби од Феникс 2010 со резултат 87:79.

Работнички, кој има најмногу титули, вкупно 15 во кошаркарскиот шампионат, сезонава се обидува по подолго време конечно биде во сериозна конкуренција за тронот, иако и натаму игрите се променливи.

Играчите на Работнички беа поразени од Феникс 2010, а по завршувањето на мечот верните „Сити Парк Бојс“ го изразија незадоволството од крајниот исход.

Кошаркарите беа свесни поради тоа, и тие се доближија до своите навивачи од кои беа натерани да ги соблечат дресовите и ги остават на паркетот.

Играчите ја примија пораката од фановите, секако и едните и другите посакуваат што поскоро клубот да се врати на победничките патеки и позитивната атмосфера, а нова шанса повторно да се вкуси триумф во шампионатот екипата ќе има на 9 декември против Гостивар.

По трите победи во серија, поразот од Феникс 2010 беше четврти оваа сезона за моментно четврто место на Работнички во генералниот пласман со 16 бодови. Водечки е МЗТ Скопје со 19, пред Пелистер и Еуро Никел со по 17 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот