ВИДЕО: Напаѓач пукаше и газеше луѓе во Тел Авив – загина турист од Италија, неколку луѓе се повредени

Фото: Твитер/принтскрин

Израелската полиција вечерва во Тел Авив застрела напаѓач вооружен со пиштол, кој пукал во луѓе и удрил со автомобил во пешаци. Еден човек загина, а неколкумина се повредени во инцидентот, јавуваат медиумите.

Здравствените власти соопштија дека има шестмина ранети од огнено оружје и еден загинат, а уште најмалку тројца луѓе се повредени кога напаѓачот налетал на нив со автомобил.

Можно е нападот да се случил на две локации, на улицата „Кауфман“ и во близина на паркот „Чарлс Клор“, пишува „The Times of Israel“. Според весникот, во нападот загинал италијански турист на возраст од околу 30 години, додека напаѓачот, како што се наведува, е државјанин на Израел со арапско потекло.

Израелската полиција соопшти дека го „неутрализирала“ напаѓачот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот