ВИДЕО | Напад над главната руска база на Крим

Експлозија на Крим / Фото : east2west news / WillWest News / Profimedia

Нова снимка покажува пожар кој беснее во северен Крим по извештаите за експлозии околу воениот аеродром Џанкој во текот на ноќта.

Снимките кои рано утринава кружат на социјалните мрежи од руски и украински извори покажуваат блесоци и експлозии, како и сирени кои свират во позадина.

Еден локален канал на Телеграм објави за „неколку силни експлозии“ кои започнале непосредно пред 4 часот по локално време, пред да избие пожарот. Патиштата околу воздушната база се блокирани, објави каналот. Џанкој е голем воен центар во кој се наоѓа еден од најголемите руски аеродроми на Крим. Тоа е клучна точка за снабдување на руските војници преку јужна Украина и линиите на фронтот.

Руските воени блогери на каналите на Телеграм го потврдуваат нападот и посочуваат дека е извршен со ракети АТАКМС. Русија и Украина се уште официјално не ги објавија нападите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот