ВИДЕО: Над 30 мртви во пожар во караоке бар во Виетнам

Виетнам пожар/ Фото STR / AFP / Profimedia

Најмалку 32 лица загинаа во пожарот што избувна во трикатен бар за караоке во јужен Виетнам. Во пожарот се повредени десетици луѓе, јави Би-Би-Си.

Бројот на загинати се искачи од 23 на 32 откако уште 9 жртви беа пронајдени во јагленосаната зграда во градот Туан Ан, кој се наоѓа на околу 50 минути од градот Хо Ши Мин.

Лекарите во болницата Ан Фу соопштија дека примиле околу 40 повредени лица, од кои 12 со сериозни повреди, а еден човек има трауматолошка повреда на мозокот.

Полицијата соопшти дека им помогнала на 22 лица да избегаат од зградата преку балкон.

Вработените во караоке барот се обиделе да го изгаснат пламенот но не успеале. Пожарот брзо се проширил низ зградата, зафаќајќи над 400 метри квадратни на вториот и третиот кат и ги заробил и вработените и посетителите внатре.

Очевидци рекоа дека пожарот брзо се проширил низ звучната изолација која е од пена и дрвените панели кои веднаш се запалиле и ги блокирале излезните патишта. Многу луѓе излегле на балкон и скокнале од вториот кат, од околу осум метри височина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот