ВИДЕО: На Орбан „му се случи народ“ – илјадници Унгарци му порачаа да си оди на протест во Будимпешта

фото: Твитер

Околу десет илјади Унгарци, вклучително и наставници и студенти, денеска маршираа низ улиците на главниот град Будимпешта на протест против владата на премиерот Виктор Орбан, барајќи повисоки плати за наставниците и конкретни мерки за инфлацијаа која ги намалува приходите, која ја нарекоа „незапирлива“.

Демонстрантите одеа по мостот над Дунав носејќи транспаренти со натписи: „Орбан, оди си!” и „Нема учители – нема иднина” неколку часа откако Орбан на обраќање по повод националниот празник – Денот вети дека ќе ја зачува економската стабилност и ќе ја задржи границата на цените на енергијата во домаќинствата како што е Европската унија влегува во „економска криза”.

Ова е последниот во низата антивладини протести во Унгарија, на кои демонстрантите порачаа дека владата на Орбан ги оставила наставниците на цедило давајќи им мали плати, додека инфлацијата, која надмина 20 отсто во септември и продолжува да расте, станува сѐ понеиздржлива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот